ОУ Добре Јованоски
Немаше крај ќефот на првачињата од ОУ “Добре Јованоски”, предводени од наставничките Снежана Мирческа и Мирјана Ристеска кога ја посетија полициската станица и одблиску ги запознаа нивните херои. Во склоп со наставната тема сообраќај, децата имаа несекојдневен настан да разговараат со полициските службеници. Од вишиот инспектор по превенција, Дејан Ангелески, добија корисни информации како да се однесуваат во сообраќајот, што ќе им служат во понатамошното учење и живот.
Првачињата ги изненадија “чичковците во униформи” со едукативен плакат, на кој ги нацртаа нивните рачиња со пораки што за нив е полицискиот службеник. Подарокот го поставија на влезот од станицата, а новото искуство на најмалите им носеше најголема радост.
![]()


