ОУ Кирил и Методиј
ОУ “Кирил и Методиј” од селото Канаталарци во Библиотеката го одбележа вториот мултимедијален проект Адобе – гласот на младите, поддржан од истоимената Фондација, Текинг ИД од Канада и локалната самоуправа. Преку изработените кратки видеа, постери и програми во Адобе, пренесуваа пораки за стоп за сајбер насилството, за насилството, за употребата на дрога и наркотични средства.
Во проектот учествуваа 36 ученици, заедно со децата од училиштето од селото Подмол, под менторство на наставниците Наташа Забрчанец и Дарко Талески.
![]()


