СОН СОНИВ ДА СТАНАМ ПОЗНАТ ПЕЈАЧ

Рубин Благадуша

– Интерпретаторот со душа да помага

Muzikata mi e melem na dusata - Rubin Blagadusha“Никој не ме познаваше, копнеев да бидам славен. Задоволен сум како естраден уметник. За некои можеби песните влијаат негативно, но ќе работам за музиката, оти нумерите зад себе, некој ги сака…”.

Ова се зборовите со кои фолк пејачот, Рубин Благадуша, роден во селото Воѓани, а живее во Прилеп, ја раскажува приказната како го остварил својот сон да стане популарен музичар.

Првин на фестивали “извадил” неколку хитчиња, “Пари Пари”, “Гучи Гучи”, “Принцеза”, па и препев на староградски песни. Го поздравувале со позитивни коментари дека добро звучат и препеаните и новите песни.

Blagadusa na scena na Goce fest 2015Благадуша не тргнал по музиката туку-така. Во вените му тече музички ген, наследен од вујковците, кои се хармоникаши, тапанари, кларинетисти. Првин му лежела хармониката, но мајка му негодувала од страв, и синот, како и браќата, да не замине Австралија. На 18-19 години ги направил првите чекори на музичката сцена. Со својата група настапувал на игранки во битолските и прилепските села. Блиску до професионално тргнал веќе 2004/5 година кога со своја песна, “Ти си мачка со 9 животи”, се закитил со награда за дебитант на фестивалот “Роса”. Следната година бил трета според жирито.

– Жичката за музика ме влечеше.Она од гените треба да се негува. Не станав хармоникаш, но пеев. Ми беше ќеф да заработувам по некој денар. Навлегував во музичките води поттикнат од желбата да станам славен и популарен, да “вадам” музички песни допадливи за народот. Се сметаше дека пејачите се финансиски моќни. Сега таа желба за “слава” е спласната. Сакам да сум поанонимен, отколку да ме сретнат на пат и да ми кажат дека таа и таа песна им се допаѓа. Замислував, ако заработувам од музика, парите да ги распределам за помош на некој што нема, а не за себе. Затоа сакав да бидам пославен, попознат, повпечатлив. Нема толку пари во музика во денешно време, но сакам да помагам – вели Рубин Благадуша.

Учествувал на Охридски трубадури. Се искачил на третото место според публиката. Пеел на неколку фестивали во Валандово. Воодушевувал кога со неговиот деветгодишен син Стефан на Прилеп фест во 2009 година ја испеале “Македонска судбина”. Каде и да настапи, ја бараат оваа песна.

“Борбеник” за македонска музика

Blagadusa so kolegiteПрвиот албум “Ти ќе си моја” го издава во 2008 година. Веќе има потпис на три албуми со 40 песни. Речиси секоја е илустрирана со видео спот кои се најдуваат на Јутуб. Подготвува песни по нарачка, за селото Враништа, комитска песна за Долни Дримкол од струшкиот регион. Често настапува на културни манифестации. Сега било редно и за Кривогаштани песна да испее, оти корените влечат. Автори на песните се Борче Нечевски, Васко Ѓорески во аранжман на Дејан Момироски. Негово дело е музиката за “Среќна да бидеш до века”, а негов е текстот за “Зелени очи”. Препејува и староградски песни од Никола Бадев, Александар Сариевски, Јонче Христоски. Препознатлив е по песната “Ој Недо, Недо”, за која вели дека му е една од најдрагите, со која се пробил на музичката сцена.

I sinot Stefan po stapkite na svojot tatko si– Првото излегување на песната “Ој, Недо, Недо” беше на TV Best of Macedonia, каде направив спот и го пуштив во медумите. Импресивен беше, па се охрабрив со други староградски песни. Па “вадам” и новокомпонирани, како “Пари, пари”, “Гучи, гучи”, “Принцеза”, кои се промовираат преку јутуб. Избледнува навиката да се купуваат ЦД-ња. Секоја песна има и видео спот, оти повеќе се промовира кога и се гледа. Така останува во сеќавање – вели Рубин.

Фолкерот е секогаш “борбеник” за македонска музика. Апелира да се негува за да не се заборави.

– Македонската музика секогаш ја поддржувам. Располагаме со раскошна музика. Таа предизвикува, крева на нозе, гали со ритамот и тактовите, а рефрените не исчезнуваат и се како евер грини. Затоа да ја зачуваме и пееме – додава Благадуша.

Најслушана песна од новокомпонираните му е “Пари пари”. Го привлекла вниманието и на децата.

– Децата се најдобра публика, оти не лажат. Кажуваат дали им се допаѓа песната или не. “Лудница” беше “Пари, пари”. Добив куп позитивни коментари од деца. Не сум многу за неа, оти дел ја поврзуваат со мојот приватен живот. Ме критикуваа за “Верував во твојте очи”. Режијата на спотот беше грешка, а музиката е плагијат од турската серија Езел. Слушана е и затоа се добредојдени и позитивните и негативните критики – вели Рубин.

Ја освојува Македонија и Европа

Музиката го исполнува и го зближува со луѓето. Се радува да  гледа расположен народ, кој го поддржува во умешноста да создава забавна атмосфера. Миленик е на повозрасните, а го сакаат и децата.

– Драго ми е кога народот е на нозе, весел и распеан. Тоа ми ја полни душата. Уживам да го поделам ќефот на музиката, да се пеат песни и да се забораваат проблемите. Нужно е да имаш чувство да го погодиш моментот за староградска, за новокомпонирана песна. Добар музичар треба да осети што посакува публиката – вели Благадуша.

Се “жали” на критиките дека бил сериозен и “кренат” кога пеел, додавајќи дека оние кои го знаат поблиску се уверени дека е ведар, добронамерен и секогаш расположен.

– Мислат дека сум “кренат” некогаш кога не контактирам. Додека не помуабетиш со човек, не се проценува. При разговор го променуваат мислењето, велејќи ми в очи дека “поинаков сум од она што го слушале, дека немало поголем другар од мене, и се чуделе како ме доживувале како препотентен” – додава Благадуша.

Familija BlagadushaНастапите ги договара во “слободното време” од петок до недела. Нема град во Македонија каде не ја “запалил” публиката. Забавувал на приватни веселби, родендени, годишнини, крштевки, дури и кај некои државни функционери. Без песната на Благадуша не поминува ни прослава кај пријатели и роднини. Надвор од границите, не бил уште во Австралија. Најмасовен настап имал на игралиште во Лозана, Швајцарија. Со задоволство се сеќава на пеењето на железничката станица во Ивердон. И Швајцарци и Црнци, спонтано, пееле и играле македонски ора.         

– Подобро ме доживува публиката надвор. Песната за сите е иста, заедно се дружиме, пееме. Со кривогаштанци сме секојдневно и не им е многу интересно. Во Струга поретко одам и ме чекаат со радост – кажува Рубин.

Често настапува заедно со колегите од фолк екстрадата. Соработува со Анета Наковска. Не ретки се забавите и со Андријана Стефаноска, Андријана Кеш, Андријана Ацеска, Елена Јовческа, Сања Ристеска. Викендов ќе пее со Спасе Силјаноски. Учествува на новогодишни емисии. Соработува со охридските, битолските, кичевските и скопските ТВ.

Безброј донации и хуманитарни акции

Поддржува и хумантирани акции. Не се добројуваат донациите, спонзорствата. Ги изненадува луѓето за празници. За Нова година дели пакетчиња на кривогаштанци. На загрозените земјоделците им дава чек од 50 евра да испазарат во неговите дуќани. Донирал и безброј системи “капка по капка”. Донираше 1000 евра за семејствата во Новаци и Кривогаштани, погодени од поплавите.   

– По 50 евра, ставени во плик, им разделував на семејствата. Сакав да ја видам среќата на нивните лица. Можеби ништо не се тие пари, но блеснува радоста во нивните очи. Треба да се почитуваме. Битно е некому да му помогнеш и да ти каже дека му е подобро – вели Благадуша.

Музиката не му е единствена преокупација

Makedonskata tradicija treba da se cuvaМузичарот е и бизнисмен. Веќе 15 години е сопственик на фирмата Стефан во Кривогаштани. Нуди на продажба на мало заштитни средства, репроматеријали, семенски материјали, ѓубрива, увоз-извоз, откуп на големо на сезонски градинарски култури. Почнал со 2 дуќани и сега менаџира 4 во околните села и еден во Прилеп.

– Потешко е времето за музика, оти од неа нема пари. Се балансира, се опстанува од денес за утре. Такво е времето. Важен е бизнисот, бидејќи ги остварив животните цели. Планирам нешто поголемо. При крај е подготовката на документацијата, а од мај се надевам ќе стартувам со извозната фабрика за преработка на зеленчук и овошје во селото Славеј. Ќе пласирам во Америка, а дел и за европскиот пазар – вели музичарот за своите бизнис планови.

Makedonskoto se neguva i se cuva - BlagdusaДве години е сопственик на музичката продукција РБ ТВ, на која промовира македонска музика во цел свет.

– РБ ТВ функционира како музичка продукција. Имаме и акаунт на јутуб и на НТВ+. Настојувам да ја разбудам свеста за македонската песна, фолклор, традиција и култура. Ужива дијаспората. Замислата ми е да стане музичка ТВ, со чија продукција естрадните уметници ќе го покажат својот квалитет – кажува Рубин.

Со толку “преокупации”, напорно му е наесен. Музиката страда поради бизнисот. Благодарен е на сопругата, која неизмерно го охрабрува и го советува да се дружи со публиката која го бара и сака. 

– Посебно во септември и октомври, ми иди да побегнам од кожата, да фатам ливада зелена, со дрвја, цвеќиња и да се одморам. Товар е работава. Мора да најдам слободно време. Трпат семејството и музиката. Не форсирам и не се наметнувам. Ако ескивирам од музиката, сопругата ме бодри да не отстапувам. Грев е да не им излезеш во пресрет на луѓето кога те викаат за настап. Тоа не е почит. Со душа чекаме, синот, кој учи средно, агроменаџмент, да наполни 18 години и да ме наследи. Малку да се растоварам и повеќе да се посветам на мојата љубов, музиката, од која никогаш нема да се откажам. Таа ме прави среќен, ми го опушта мозокот и ми е ќеф на срцето – раскажува за “музичките маки” Благадуша.

Го остварил сонот да стане популарен, но музиката бара целосно внимание. Се труди да се надоградува. Покрај издавањето нови песни, очекува да ја крене на врвот музичката продукција. Сонува, сите Македонци каде и да се, да ја следат, гледаат и слушаат, да минуваат пријатни моменти со неговите колеги. Сака да им биде трамбулина за промоција и да им го афирмира талентот. Мечтае и да вработува луѓе во новата фабрика. Се радува на среќни луѓе околу него со и без музика.

И мало, и големо на нозе

Poddrska od semejstvotoВо 2009 кога излезе препеаната “Ој Недо, Недо”, бил уплашен да пее во Кривогаштани за манифестацијата “Избор на народна носија”, оти веќе завлегувал во попрофесионалните музички води.

– Се создаде метеж во салата. Мислев никој нема да ја знае песната. Но, од мало до големо, стана на нозе и се пееше. Се чудев и треперев, дали овој мој народ ми аплаудира мене – вели Благадуша.

Впечаток му оставило и кога со КУД Илинден од Кривогаштани биле во Романија. Околу 150 души направиле толку убава забава при што романски свештеник побарал да му се испее “Билјана платно белеше” и “Јовано, Јованке”, за кои слушнал од Тоше. 

Loading