Ансамблот на театарот вечерва од 19.30 часот ќе ја прикаже претставата “Погребални игри” за Светскиот ден на театарот. Ќе се прочита светската порака за театарот од режисерот на театарски претстави и опери, полјакот Кшиштоф Варликовски, во која вели дека на публиката í посакува театар кој почнува во длабочината на вистината и го наоѓа крајот во необјаснивото.
Во македонската порака на младата режисерка Нела Витошевиќ, се вели дека театарот во кој што се верува, отсекогаш бил и останува поле за жестока дебата на проблемите во општеството.
– Тој треба да биде радикален во ставовите и критичен во мислата. Да создава светови и да нуди решенија. Да ја открива вистината, да ги коментира и истакнува девијациите. Тој е слободна зона во која вирее креативноста и иновативноста. Го отсликува скриеното, вистинското лице на светот и ја црпи инспирацијата од него, овозможувајќи му да се спознае и да ги редефинира своите вредности – смета Витошевиќ.
Ова е трета изведба на англискиот црн хумор.
![]()


