ПОРТУГАЛСКИ РЕКТАЛЕН ПРЕГЛЕД НА КРАВА

СОУ Орде Чопела

Rektalen pregled na krava duri od Portugalija - Bozinoski i KocoskiВетеринарните техничари, Кристијан Кочоски и Спиро Божиноски, од СОУ “Орде Чопела” отидоа во Португалија да ги прошируваат знаењата и да собираат нови искуства на двонеделна обука за претприемништво во земјоделието преку Еразмус+. Низ презентации од инженери агрономи и практична настава на сточарска фарма се запознале со ветеринарната струка, усовршувајќи ја техниката на одгледување и лекување на животните. Во текот на обуката, се “покажале на дело” во говедарска фарма каде одржувале практична настава. Сопственикот на фармата им доверил да прочистуваат телиња со инјекции, да аплицираат терапија на заболени крави и да надгледуваат ректален преглед на крави.

sertifati od obukata– Помогнав во развојот и растот на телињата. Ги прочистував со инјекции, за заштита од внатрешни и надворешни паразити. Следев ректален преглед на крава. Практичната настава е посовремена, со подобра опрема, во напредни услови за хранење и лекување на животните – вели Кочоски.

Во седумте работни дена и Божиноски “вмешал” прсти во лекувањето на кравите.

– Овој вид на неформално образование ми помогна да ги надоградам основните знаења и да ги проширам контактите.  Стекнав неверојатно искуство. Аплицирав терапија на заболените крави, што ми беше големо достигнување. Се запознав со лекарствата и разните начини на терапија кои кај нас уште не се применуваат. Аплицирав антибиотици кај крава, родилка, која имаше проблеми. Преку праксата научив повеќе за земјоделската техника и технологија застапена таму – ги пренесе впечатоците Божиноски.

При обуката добиле сертификати со кои ќе имаат бенефиции во идното школување.

Во викендите имале прошетки до Гимераш и Порто.

Loading