Десетгодишниот скијач Борјан Стрезоски не запира со успеси во белиот спорт. Овојпат го зазеде третото место на првиот меѓународен шарпланински куп за деца – отворено државно првенство на Македонија. Вклучувајќи ги трите медали годинава заедно со неговиот тренер, проф. Даниел Василески, покажа дека има дарба за скијање со капацитет да ги претставува државата и Прилеп и во меѓународни размери. Стрезоски се натпреваруваше под капата на скијачки клуб, оти во градов нема асоцијација на белите спортови.
![]()

