НА ПАТРОНАТ, ДУРИ ВО СРБИЈА

ОУ Блаже Конески

Konevci specijalni gosti vo SedlareКоневци не запираат со дружбите со Седларе. Километрите не претставуваа пречка. Како специјални гости отидоа дури во Србија заедно да го прослават патрониот празник (Дан школе) на ОУ “Бранко Радичевиќ” во Седларе. Првонаградените танчери на Мак балет во Штип, од ОУ “Блаже Конески”, танцуваа модерен балет, а Сања Роканоска испеа песна за нивниот Ден. Со широко отворени раце пречекани и сместени во домовите на нивните српски другарчиња, децата имаа прекрасно дружење. Се прошетаа до Музејот на восочните фигури во Јагодина, аква паркот, зоолошката градина, манастирот Манасија и ја посетија кулата на черепи во Ниш.

– Патиштата се споија. Создадовме искрено пријателство, кое  нема цена – вели српската директорка Снежана Решавац.

Здружени и сплотени во едно, во јуни планираат заедничка посета на Св. Наум во Охрид, а Србите пак ќе бидат гости во Прилеп за 11 Октомври.

Зенит на училишниот ѕид

Србите воодушевени од претходната посета на Прилеп и по примерот на ОУ “Блаже Конески” ги украсиле училишните ѕидови, ставајќи фотографии од нивни достигнувања и значајни моменти. Ѕидот го краси и страница од Зенит, посветена на соработката со Коневци. 

Loading