ИСКЛУЧИТЕЛНИТЕ ВРЕДНОСТИ НА ШТАВИЦА

Interesni fakti za Stavica“Селото Штавица со неговиот атар располага со исклучителни вредности на македонската култура, како за науката, така и сознанија за македонските вредности, идентитет и континуитет”.

Ова го пренесе новинарот и публицистот Тренчо Димитриоски на предавањето “Штавица од праисторијата до денес”, што е прво годинава на културниот, истражувачкиот и документациски центар за Мариово, “Калеш Анѓа”.

Според него, во околината се наоѓаат значајни локалитети, меѓу кои “Палатица” кој крие остатоци од населба од праисториското време.

–  Локалитетот може да биде и туристичка атракција. Се забележуваат многубројни фрагменти на времето, како своевидната симболика на религиско-обредните активности, практикувани околу овој култен објект со конструктивни елементи од различни ери. Друг локалитет е на врвот Веслец со големо утврдување, чии траги треба да се бараат уште во праисторијата, од кое потекнува и населбата на Палатица. Но, особено е значењето од старомакедонскиот период. На просторот се наоѓаат и други култури од подоцнежните периоди, од  римскиот, доцната антика и средниот век – вели новинарот.

Во околината има и други локалитети кои укажуваат на континуитет на културното и општественото живеење од праисторијата до денес, а остатоците на културата чекаат соодветно осознавање и искористување како стопански туристички потенцијал.

Селото е наречено и Мал Холивуд, бидејќи се снимени повеќе играни филмови.

Loading