ХЕМИЧАР ЗА “ЈАХЈА КЕМАЛ”

ОУ Гоце Делчев

Urna se pred sebe po hemija  - Jovan Petreski i prof. Keti IvanoskaЈован Петрески од 9-б одделение од ОУ “Гоце Делчев” со “борба до последен здив” меѓу 180 учесници направи растур по хемија, грабнувајќи 100 отстотна стипендија на приватната школа “Јахја Кемал” во Скопје. На државниот натпревар два дена се “потеше” и успеа да помине три елиминаторни круга – тест од 30 прашања, задачи, за да стигне во финалниот, најхемиски дел, докажувајќи експериментално непознати супстанции. Во првите два круга се пласираше на третото место, а во финалето направи пресврт, покажувајќи дека е најхемичар.

– Се изненадив, оти не очекував. Меѓу толку деца мислев дека  има 20 со знаење како моето. Не беше лесно, но трудот се исплати – ги вели хемичарот Јован.

Петрески учествувал и на регионални натпревари по математика и биологија и на државен во модерен танц. Ова му е најголемо достигување. Особено е среќен, оти го обезбеди понатамошното школување. Не ги двои предметите, но повеќе го влечат природните науки, а привлечното во хемијата му е токму експерименталниот дел.

Се подготвувал интензивно за проширени знаења. Користел учебници и збирки задачи за средно и високо образование.

– Во Јован препознав потенцијал за напредок. Ги оправда очекувањата. И нему му се оствари желбата со максимален успех. Добивме и пофални зборови дека ученикот растурил по хемија – вели менторот Кети Иваноска.

Ова е најголем успех и за училиштето, кое петта година има претставници на натпреварот и во два наврати освоиле второ место.

Loading