ОУ Климент Охридски
Кај учениците од 7-4 одделение од ОУ “Климент Охридски”, на часот по Вештини за живеење, навратија претставници од Центарот за управување со кризи. Децата подетално се запознаа со активностите на ЦУК, научија повеќе за видовите опасности и за начините на справување во кризни ситуации.
– Соработуваме со ЦУК. Се запознавме со надлежностите на ЦУК и побогати сме со нови знаења кои ќе помогнат при секаков вид опасности – вели наставничката Цветанка Јочкоска.
Учениците се интересираа, а предавачот Влатко Котески од ЦУК не само што успеа да го задржи вниманието, туку одговори и на бројните прашања.
![]()


