Денови на македонската носија е манифестацијата што ќе се одржи утре во Кривогаштани. Ќе продефилираат друштва и поединци од земјата кои ќе го промовираат македонскиот фолклор и традиција преку различните носии.
– Ќе се демонстрира раскошното народно наследство и богатството преку ракотворбите на нашите претци. Жирито ќе избере најдобра женска и машка носија и најдобра групна народна носија – велат организаторите.
Манифестацијата го одржува духот на традициите и ја развива културата во руралните средини.