БУКВА ПО БУКВА НА АНГЛИСКИ ДО РЕГИОНАЛЕН

Бесплатна објава

Organizatorite na natprevarot za speluvanje na angliskiВешти во спелување на англиски од 184 ученици се покажаа 49 основци и 3 средношколци на општинскиот натпревар во спелување на англиски во СОУ “Ѓорче Петров”, во организација на Мировниот корпус. “Англичаните” одлично спелувајќи ги десетте зададени зборови, како интересен начин на изучување на англискиот вокабулар, се пласираа на регионалниот натпревар во Битола.

– Освен учење нови зборови и правилно пишување, стекнато е ново интересно искуство и дружење со нови пријатели како на општинско, така и на државно ниво. Желбата за изучување на странскиот јазик ќе ги однесе до посакуваната цел – вели Емилија Ѓорѓиева Велкоски, професор по англиски во СОУ “Ѓорче Петров”.

Едукативниот натпревар им е познат на учениците, кои редовно учествуваат во последните четири години, а градот може да се гордее што секоја година има претставници дури и на државниот натпревар.

Loading