СТЕФАНОСКА Е ВО БУРСА

Турција

Сара Стефаноска не е многу позната ракометарка во родниот град, бидејќи како кадетка замина во Скопје, настапувајќи за Вардар. Првиот трансфер во странство го имаше во српската Јагодина, каде учествуваше во европскиот Куп на куп-победниците. Сезонава игра во тимот на Бурсагучу во Супер лигата на Турција. Ангажирана е да му помогне на клубот да се подигне од дното на табелата. На последниот меч, загубен на гости со 49-29 од фаворитот Кастамону, Стефаноска даде четири гола од бековската позиција.

Ако се знае дека репрезентацијата на Македеонија доживува криза, нема да изненади селекторот  да ја повика Стефаноска.

Loading