Прилепските диџеи, Александар Митрикески – Митрик и Љупчо Тодороски – ЛТЏ со одлично сервираната електронска техно музика, секоја втора среда ја креваат скопската атмосфера во клубот Капан Ан во старата чаршија, небаре се на Берлинската андерграунд техно сцена. Основале и организација Роом 313 во студенскиот дом Кузман, од каде договараат најдобри техно журки, на кои задолжително повикуваат и колега диџеј за уште посилен филинг. Не ретко, како засилување им се придружува од Прилеп и диџејот Дарко Илиески – Мамлио.
Урбаните диџеи сонуваат повторно да ја распалат техно културата и во Прилеп, кој некогаш важел за “најтехнаџиски” град.