ОСУМ ГОДИНИ МЛАДИНСКО ДРАМСКО СТУДИО

Со 42. премиера, овојпат на претставата “39 чекори” Младинското драмско студио (МДС) “Театар 4 Сцена 5” одбележа осум години од постоењето. Во аматерскиот театар под капата на ЦК “Марко Цепенков” членувале околу 400 млади.

– МДС е и школа за театар, место за дискусија за театарската уметност, за литературата, за културата, каде што доаѓа до израз не само желбата да се излезе на сцената, туку и потребата да се дојде до сознанија за театарот и културата. Претендираме во истражувања на големото сценско пространство – вели Гоце Саздано, уметничкиот директор.

Претставите од најразличен жанр ги следеле над 60 илјади посетители.

Loading