ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА ЧЛЕНСТВО ВО БИБЛИОТЕКАТА

Пораснат е интересот за членство во библиотеката со мартовскиот неделен попуст за упис на нови членови.

– За една недела запишани се нови 370 членови во одделите за деца и за возрасни. Привлечни се новите идеи – вели директорот Петар Петрески, додавајќи дека акција за поефтино членство ќе има и наесен.

Библиотеката постојано го освежува книжниот фонд со нови наслови. Вработените се трудат да бидат модерен сервис на читателите, да понудат современа литература, белетристика, но и стручни книги. 

Loading