ОД ТЕЗГИЊА ДО ПАЗАР

Tek-tuk-tezgi-na-pazar,-a-deneska-igla-nema-kaj-da-se-frliЦентарот на стариот пазар. Неколку тезги, кои повеќе наликуваат на маси, се  наредени на празен простор околу чешмата во пазарот. Огромниот простор е како писта со неколку бетонски тезги, кои скромно навестуваат бурен пазарџиски живот. Уште порано луѓето, посебно од селата, доаѓале да продаваат. Ќе се стуткале на некој ќош и ќе нуделе пресни јајца, убаво наредени во плетени корпи со слама, или кандисувале да вагаат на кантар домати, пиперки, бостан, произведени од нивните градини.  Неизбежни биле и живите кокошки и петли. Се нудело и маштеница и сирење.   

Во пазарот се наплаќало дулија. Тоа е такса за местото и тезгата која ја држат во пазарот. Дулеџијата одел од тезга на тезга и наплаќал за користењето на просторот. Тоа биле првите знаци на пазарната економија. И да врни и да вее, во пазарот или околу пазарот богат асортиман од квалитет и неквалитет. Покрај сувото, со убедување “горело” и суровото. Односно се купувало, според “џебот”, вкусот и убедувањата. Зашто, нели се вели “За секоја стока – има муштерија”. Обично купувале граѓаните, кои немале земја и свое производство, а селаните купувале шеќер, сол, и газија. 

Денес, прилепскиот пазар има најбогата понуда во Македонија. На бројните тезги има “од пиле млеко”. Се нуди и текстил и дребулии. Пазарот е со бетонски и тенекиени тезги, покриени и заштитени  од невреме.

Loading