ЕУФОРИЈА ЗА БАЕРН ВО КАФЕТЕРИЈА

Risteski megu fanovite na BaernФановите на Баерн Минхен, дури од Скопје, Велес, Струга, Демир Хисар, Штип, Радовиш, се собраа, да го бодрат фудбалскиот миленик на 1/8 финалниот меч од лигата на шампионите во дуелот со Шахтар во пабот Галери хаус во најфудбалскиот град. Фан клубот постои осум години, но овојпат локалните навивачи беа “засилени” со колегите од земјава да му аплаудираат на европскиот гигант. Небаре се во Минхен, обоени во црвено-бели дресови, шалови и со кригла в раце, домаќините во пеколна атмосфера покажаа како се храбри својот баварски миленик. “Запалените баерновци” привлекуваат навивачи, кои се придружуваат на фештите кога игра омилениот тим.

И градоначалникот Марјан Ристески, како голем фан на Баерн, се приклучи на домашните “Баварци”.

Loading