Пинг – понг
Првото пролетно, а вкупно 8. коло од машката Супер лига, го одбележа високиот пораз на Младост во Штип со 5-1 од домашниот Шампион ФА. Се очекуваше барем неизвесен дуел, бидејќи во кој состав да настапува прилепскиот тим е секогаш “тврд орев”. Сепак, претстојат можности за поправка. В недела е дуелот дома со солидната екипа на Телеком НЕЦ и со евентуален триумф Младост останува во трката за високото второ место во Супер лигата.
Табела: Шампион ФА 16, Работнички 12, Телеком НЕЦ и Младост по 10, Влае безбедност 8, Гоце Делчев 6, Струга 2, Ѓ. Петров 0.
![]()

