Џудо
Години и децении минуваат, а стариот и добар џудо клуб Пролетер натаму освојува медали на државните првенства. На последното сениорско поединечно во Велес, членовите, предводени од легендарниот тренер Славе Димитријоски, беа најдобри во три категории во машка конкуренција. До 60 килограми пред сите е Никола Велески, кој во финалето го совлада клупскиот другар Борче Ангелов. До 66 кг. триумфираше Владимир Стојаноски, додека до 90 кг. немаше проблем да стигне до златниот медал искусниот мајстор Александар Димитријоски. Кај сениорите Пролетер е прв со три злата, пред Миоки со две, Пелистер и Ипон по едно. Кон медалистите со бронза до 73 кг. се приклучи и Марко Паноски. И Сеишин се покажа до 73 кг. со среброто на Христијан Ѓураков, а бронза освоија до 66 кг. Александар Апостолоски и до 81 кг. Владимир Талески.
Во женска конкуренција и прилепчанките застанаа на пиедесталот. До 57 кг. по поразот во финалето, сребро освои Валерија Јаковлеска (Сеишин), а трета со бронза е Марија Трајческа (Пролетер). До 63 кг. “сребрена” е Барбара Башеска (Пролетер).
![]()

