ПРАКТИКАНТИ СО ДРЖАВНИ ПАРИ

Поволности за младите до 29 години

Golemi sansi za rabota za mladite -  Pasoska i RisteskiСо цел да се обезбедат поголеми практични искуства, знаења и вештини за млади невработени со најмалку средно образование до 29 годишна возраст, Агенцијата за вработување обелодени оглас за практикантство.             Според раководителот на подрачната единица на Агенцијата за вработување, Силвана Пашоска, ова е можност младите да стекнат практично искуство, бидејќи работодавачите бараат обучени кадри.

– Лицата со завршено соодветно образование не можат веднаш да се прилагодат на работното место. Невработените можат да стекнат пракса со тримесечно практикантство и полесно да се вработат. Агенцијата за вработување покрива по 6200 денари на работодавачите за три месечно практикантство без обврска за вработување. Се надоместуваат трошоците за професионално заболување или несреќа при работа и персонален данок – објаснува Пашоска.

Бројот на практиканти зависи од бројот на заинтересирани невработении од интересот на бизнис секторот. Работодавачите треба да бидат активни правни субјекти, да имаат позитивна банкарска сметка, да работат успешно и да немаат намалување на вработените. Практиканти со државна поддршка можат да ангажираат и невладини организации, а не јавните претпријатија.

– Ги повикувам сите невработени млади до 29 години, активни баратели на работа и работодавачите да аплицираат, бидејќи се обезбедени средства за ангажирање 1000 лица за цела Македонија – апелира Пашоска.

Доколку е успешна практичната работа, работодавецот одлучува за трајно работно ангажирање. Годишно досега се ангажирале 50-100 лица.

– Практикантите имаат ментор од компаниите. Обучените кога ќе се покажат вешти на работното место и успешно завршувајќи го практиканството, секој работодавач би поскал да ги задржи. Секако ќе им даде потврда за мината практикантска работа. Мерката е погодна за работодавачите, оти немаат никакви трошоци три месеци. Искуството покажува дека најголем број од практикантите остануваат на работа. И да не останат, добиваат потврда за практикантство, која можат да ја искористат во други компании како препорака, бидејќи се адаптирани и подготвени за работен ангажман – кажува Пашоска.

Лани и годинава се актуелни државните стимулации за самовработување со кредитирање, со повратни средства, самовработување со грантови,  односно неповратни средства, обука за работно место со субвенционирање и практикантство. И локалната самоуправа и регионалната стопанска комора се ангажирани за афирмација на активните мерки.

Градоначалникот Марјан Ристески укажа на предимствата од ангажирање на практиканти.

– Прво се добива искуство и познавање за оние што ќе бидат практиканти, а работодавачите со три месеци ќе добијат искусни кадри, кои во иднина можат да ги вработат – вели Ристески.      

Евидентирани се девет илјади активни баратели на работа. Бројката е минимално зголемена како резултат на тоа што корисниците на социјална помош мора да се пријавуваат како активни баратели на работа. Околу 25 отсто од нив се млади до 29 години.     

Loading