Методија Шаторов – Шарло

Metodija Satorov-Sarlo

Во Прилепа градот, во Ѓогдере маало,

на 10-иот јануарски ден, во 1897-та година,

Тасејца Шаторова, машко дете родила,

нункото, името му го даде Методија.

 

Порасна Мето, здраво и крупно момче,

на школо тргна, на првото школско ѕвонче.

На татко му в дуќан, му помага тој,

муштерии ги има, во приличен број.

 

Во Битола, Мето гимназија учи,

службеничка насока, него го влечи,

учителска школа, заврши тој,

си обезбеди диплома, за животот свој.

 

Во 1918 година,

Методија Шаторов, емигрира во Бугарија,

таму почна, со политичка агитација,

за самостојна македонска нација.

 

Во Бугарија бара, политички права,

властите него го бараа,

четири илјади лева, тие даваа,

да ја снема, неговата глава.

 

Шаторов, во Советска Русија појде,

во Москва тој, со политички азил се снајде,

во Коминтерната интернационална, работа доби,

за македонските права, борба да води.

 

Од Србија краина, Кордун, Лика и Банија,

сто илјади колонисти, се населија во Македонија,

беговските имоти и чифлици, ги зазедоа,

македонските чифлигари, до питачки стап ги доведоа.

 

Вечните гробни натписи, ги отстранија,

македонскиот јазик, настава и литургија, забраниа,

властите во Македонија, вршат невидени терори,

црнораковци, се нивните завршни ѕверови.

 

Словено – хрватските комунисти, предлог даваа,

да се признае, македонската нација,

за иден член, за во Југословенската федерација,

србо-комунистите негираат, не е време за македонска нација.

 

За македонска нација, ќе се зборува, во балканска конференција,

во вардарска бановина, да се зборува, за економска ситуација,

предлогот на словено-хрватските комунисти, беше одбиен,

ќе се чека, нова можност, предлогот да се добие.

 

Во Загреб во 1940-тата година, на петтата земска конференција,

Шаторов е избран, за член на КПЈ, од Македонија,

да ги води пролетерските маси,

од нивното понижување и угнетување, да ги спаси.

 

Во 1941-та година, бугарската армија, влезе во Македонија,

и колонистите ги истера во својата Татковина,

донесоа своја администрација,

за тотална асимилација.

 

Тито, со србо-комунистите,

разни клевети, лаги и закони измисли

секретарот Шарло од политичка сцена, го извиси,

во Бугарија тој се врати, со главата да не плати.

 

Проверен Србин, во Македонија донесоа,

партиски водач да í биде,

под цврста рака, населението да го држи,

во Македонија, србизмот да се задржи.

 

На четврти септември, во 1944-тата година,

до градот Пазарџик, во Бугарија,

кај Милевски Скали, непознати џелати, го убија Методија,

од страв од независна Македонија.

 

Шаторов, Шатев, Брашнаров, Влахов,

Ченто, Кузман, Мирче, Крсте,

сите се македонски великани,

со нивните дела, никои не им се рамни.

 

Македонскава држава, тие ја направија,

пред светов ја претставија,

сите настрадаа, од истите Јуди,

историјата нив нека им суди.

 

Томе Велјановски – Марулецот

Гетеборг, Шведска

Loading