КОН ТРЕТА ПОБЕДА

Кошарка

Продолжи првенството во Третата кошаркарска лига за мажи, а Марфил спорт дома загуби од фаворитот Академија ФМП со 64-81. Исходот е очекуван, ако се знае дека скопската екипа е лидер, а и есеноска во својата сала постигна победа. Затоа сите погледи и надежи на прилепскиот состав треба да бидат свртени кон наредниот меч, пак дома, со Пробаскет од Пробиштип. Доаѓа гостин кој може да се совлада и Марфил спорт тргнува по третата победа.

Табела: Академија ФМП 13, Ангели 12, Вардар 11, Пантери, Пробаскет и Марфил спорт по 9, Феникс 0.

Loading