БРЗО СЛИКАЊЕ ЗА ОСМИ МАРТ

Во ЦК “Марко Цепенков”

Po sesti pat manifestacijata brzo slikanjeПод мотото “Уметниците за Осми март”, денеска неколку сликарки, наместо каранфили и чајанки ќе создаваат на манифестацијата “Брзо сликање”. ЦК “Марко Цепенков” традиционално ја реализира шестата уметничка прослава на меѓународниот ден на жената.

Ќе творат и ќе се дружат осум уметници, членки на Друштвото на ликовни уметници, Валентина Илијевска, Билјана Бинчев, Бојана Артиновска Трпческа, Верче Николоска, Наде Тоскоска, Јасмина Рунеска, Христина Малинческа и Бети Макеска.

Делата ќе бидат претставени на изложба.

Loading