ЖЕНСКО “ТАЈАНЕ” ЗА ТРИМИР

Sovremen stil na neguvanje na adetite za trimir na aocijacijata PrerodbaЖените од здружението Преродба за Тримир – празникот на младите невести и армасаните моми се збраа на женско “тајане”. Подготвија богата посна трпеза која изобилуваше со гравче, сарми, а и полно слатко-блага, замесени од вредните раце. Жените од асоцијацијата ја одржуваат традицијата. Не се демоде, не се собираат по куќи, туку во заедничката просторија да го одржат адетот и да ги вкусат зготвените јадења. Кога нешто се прави со љубов, секогаш е убаво. 

Loading