СУДИИТЕ ПРЕЧКА ЗА ЗЛАТО

Карате

И каратето е спорт во кој понекогаш пресуден фактор во негативна смисла се судиите. На Балканското сениорско првенство во Чачак, Србија, неправдите на своја кожа ги почувствувале каратистките од КК Ронин. Поединечно, во ката индивидуално Пулексенија Јованоска совлада Србинка, Турчинка, Хрватка и за влез во финале се бореше со Црногорка. Противничката била фаворизирана и судиите пристрасно í доделиле тесна победа од 3-2. На Јованоска í припадна само бронзата. Ката тимот со близначките Мишела и Маријана Димоски со Пулексенија Јованоска го освои исто така третото место за бронза. Прво е совладан домаќинот Србија, но во битка за финале се испречува Хрватска, односно судиите неправедно ѝ доделуваат тесна победа од 3-2. Тренерот на клубот и репрезентацијата, Златко Димоски, е задоволен од постигнатото.

Македонија е петта со осум медали, а прва со 17 е Србија.

Loading