ПРИПИТОМЕНА РЕКА

Ura za skrotuvanje na OrevoeckaОревоечката Река, која го дели градот на два дела, некогаш знаела да изненади и да поплави. Затоа властите, пред годините, ја смириле со градба на камено високо корито, кое последниве децении само еднаш се наполнило со рам, такаречи “догоре” со опасност да се излее, а дивите надојдени води во него да ги урнат како играчка неколкуте градски мостови.

Имало посериозни водени стихии. Затоа граѓаните, заедно со локалната власт, ја насочиле реката во високото корито, да не им прави пакост, кога ќе подивее. Помагале здружено, како на работна акција, да се изгради здраво корито со изделкани грамадни гранитни коцки и да се “вразуми” Реката. Не се штеделе, туку рамо до рамо со работниците, меѓу два коша тутун, ги земале копачите и лопатите да помогнат со дрвените колички.

Веќе нема страв од излевање. Питома е Градската Река, како што сега ја викаме Оревоечка. Не збеснува меѓу двете корита. Но, водата не е чиста како некогаш, кога живееле риби, а децата ловеле со бинтови. Не за долго. Накоро ќе се гради филтерската станица водата да се избистри. 

Loading