В недела
Боречката организација во соработка со локалната самоуправа остануваат верни на негувањето на значајните датуми од поблиската историја за да се пренесуваат и јакнат патриотските чувства на помладите генерации. В недела ќе се одбележи легендарниот февруарски поход на партизаните од пред 71 години со марш до манастирот Свети Димитрија кај селото Селце. Потомците на борците и почитувачите на борбените традиции заедно со планинарите ќе се присетат на славната и храбра епопеја, оддавајќи почит на паднатите синови за слободата. Одбележувањето ќе се оконча со заеднички ручек.