ИСКУСТВО ОД ПОДГОРИЦА

Бокс

Двајца претстаници на клубот Ас учествуваа во петтото коло од Балканска Бенекс лига во Подгорица, Црна Гора и се претставија мошне солидно, иако претрпија порази. Во конкуренција на девојките, Андреа Јанеска во рамноправна борба загуби од домашната боксерка Тамара Радуновиќ (Будва). Во најмладата категорија на надежи, Трајче Илиоски на поени е поразен од домашниот Ненад Марковиќ (Подгорица). Според тренерот Ѓорѓи Чатлески, судиите пристрасно гласале, но резултатот не е најважен, туку искуството е придобивка. За Јанеска беше втор, а за Илиоски дебитантски меѓународен настап.

Учествуваа боксери од Ц. Гора, Словенија, Босна, Србија, Албанија и Македонија.

Loading