ОБЕДИНЕТИ БИЗНИСМЕНИ И ЛОКАЛНИ ВЛАСТИ

Потпишан меморандум за соработка мегу Оптината и стопанството

Zaednicki do evropski proekti - Risteski i NaumoskiМеморандум за соработка потпишаа градоначалникот Марјан Ристески и претседателот на регионалната стопанска комора, Симон Наумоски. Документот ги утврдува насоките на идниот развој на градот, ја верификува досегашната соработка видена низ призмата на економскиот совет на Општината, во кој членуваат бизнисмени, претставници на јавните претпријатија, синдикатот и невладиниот сектор.

Ристески изјави дека меморандумот ја продлабочува плодната соработка воспоставена веќе 10 години.

– Соработката е симбиоза за дејствување меѓу локалната самоуправа и бизнис секторот. Предлозите на стопанствениците се насочени кон спроведување на проекти во градежништвото и урбанизмот за да може во иднина градот да просперирира. Меморандумот е документ за заеднички настап во искористување на ИПА фондовите. Со издржани проекти не само што ќе аплицираме, туку и ќе извлечеме средства за имплементација и заеднички интерес, за подобрување на едукацијата во однос на квалификуваната сила, која може да одговори на потребите на стопанството, подобрување на образовниот процес, на технолошкиот процес, развој на производниот систем и отворање на нови работни места – рече Ристески, потсетувајќи дека Прилеп е најголем корисник на ИПА фондови во земјава со проектот за пречистителната станица.

За претседателот на комората Симон Наумоски, документот ги регулира воспоставените односи и ја официјализира и верификува соработката.          

– Односите ќе се јакнат и ќе се продлабочат во насока на интензивен развој за позитивни ефекти на целокупното стопанство и на општината. Реализирани се околу 70 отсто од заклучоците на стопанствениците. Прифатени се од Владата и се инплементирани во нови законски решенија. Би сакал  да продолжи тој метод и темпо и да бидеме водечка регионална комора по однос на предлозите и решенијата – рече Наумоски.

Регионалната стопанска комора ќе потпише меморандуми и со општините Крушево, Македонски Брод, Кривогаштани и Долнени. 

Loading