НАГРАДИ ЗА НАЈУБАВА МАСКА

Mentorite i kreativcite na  maskiteУченици од сите основни и средни училишта креираа маски за  традиционалната изложба “Најубав цртеж – маска” за верскиот празник Велики Поклади и за меѓународниот карневал Прочка. Првонаградени беа учениците Сибел Аметоска од ОУ “Кирил и Методиј” од селото Канатларци, Николче Житошански од Гимназија и Фросина Сваќароска од СОУ “Ѓорче Петров”. Второ наградени се Семир Тмушиќ од ОУ “Кирил и Методиј” од Канатларци, Леонора Рујаноска од СОУ “Кузман Јосифоски – Питу” и Михаела Здравеска од ОУ “Блаже Конески”. Третите награди отидоа во рацете на Даниел Ѓорѓијоски од ОУ “Рампо Левката”, Евгенија Павлеска од ОУ “Пере Тошев” од селото Дупјачани и Теодора Тасевска и Матеа Илиеска од Гимназија. 

Loading