ЌЕ СЕ РАЗМЕНУВААТ ИНОВАТИВНИ ИСКУСТВА НА УЧЕЊЕ

ОУ “Гоце Делчев”

Во ОУ “Гоце Делчев” се формираа професионални заедници за учење за подобрување на наставата по македонски јазик и математика, Заедниците се составени од директорот, педагошката служба и наставници од одделенската настава, во рамките на проектот на УСАИД “Со читање до лидерство”, спроведуван од Фондацијата “Чекор по чекор”. Се разменуваат искуства, позитивни практики и се преземаат заеднички или поединечки активности за поддигнување на квалитетот на образовниот процес. Во рамките на заедниците ќе се спроведат говорни игри, логичко математички игри, користење дигитални ресурси, примена на алатки од математиката со размислување, на техники на писменост, самооценување и оценување. Предвидено е и зголемување на библиотечниот фонд за учениците од прво до трето одделение, кои се приоритет.

Во март е најавена посета на Фондацијата “Чекор по чекор”, При што ќе се спроведе работилница за креативни техники за подучување математика за наставниците и родителите, кои знаења, потоа ќе можат да им ги пренесат на учениците од своите паралелки, односно на своите деца. 

Loading