ИГРАТА НЕ ПОЗНАВА РАЗЛИЧНИ ЕТНИКУМИ

ОУ “Блаже Конески”

blazeТриесетина ученици од двете партнер училишта, ОУ “Блаже Конески” и ОУ “Реџе Руши” од Зајас, Кичево, во проектот за меѓуетничка интеграција преку квиз и игри меѓусебно се запознаваа и покажаа дека разликите во националностите не се пречка за одлична дружба. На посетата кај Коневци, прво учениците се запознаваа подавајќи си клопче волница и заеднички плетејќи мрежа како да се едно. Потоа, следеа квизови по биологија и граѓанско, на кои одговараа на македонски и на албански јазик. Средбата ја заокружија со прошетка низ училиштето и седенки во светларникот во дворот. 

– Се подготвуваат младите за соживот на идните генерации. Учениците од Зајас беа љубопитни, оти им зборував на друг јазик, што им дојде како нешто ново, но покажаа голем интерес за дружба – вели директорката на ОУ “Блаже Конески”, Марија Дулевска.

Коневци ќе возвратат во Зајас во април, а во мај ќе се одржат спортски натпревари со ревијален карактер со измешани екипи со различни етникуми од двете училишта.

Loading