ГОРДИ СЛЕДБЕНИЦИ НА КУЗМАН

Одбележан патрониот празник на СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”

1 kolektivotСОУ “Кузман Јосифоски – Питу”, во чест и слава на животот и делото на својот патрон чие име гордо го носат 58 години, ги почести почитувачите со богата културно – уметничка приредба. Програмата почна со положување свежо цвеќе пред спомениците на Кузман во училишниот двор, пред Участакот и на Могилата на непобедените, при што почит оддадоа и претставници на Сојузот на борците.

Претходно се одржа литературно читање, на кое, со творби се претставија основци и средношколци, а свечената академија во театарот обилуваше со богата програма и бројни точки на учениците. Химната ја испеа Наташа Секулоска, а ученици од 3 година формираа македонско срце. Следеше изведба на песната “Санта Лучија” од училишните хористи, а група ученици ја “извезаа” народната песна “Лено мори” во придружба на инструментите на малите музичари од музичкото училиште. Дека одлично ги владеат странските јазици, покажаа ученичката Ангела Столеска, пеејќи француска песна, Сара Велјаноска, разлевајќи англиска песна, а ништо помалку не беше француската точка на Ангела Мунеска со група ученици од прва година, како и рециталот на Ангела Столеска со лична творба на француски “Мојот странец”. Учениците изненадија, приредувајќи драма – дијалог на германски јазик под наслов “Тоа сме ние”. Присутните ги “размрдаа” со балетската изведба на машки и женски ученици, кои со чадорчиња в рака играа и пееа. Смеа предизвика изведбата на драмата “Новата професорка”, пренесувајќи го “училишниот живот”. Импресионира класот 3-4, кои ја завршија пригодната програма, пеејќи дека “Некогаш и негде ќе те сретнам пак…”          

Директорката Спасија Нешкоска Цуцуелска им го честита патрониот празник на учениците и вработените, испраќајќи порака да го следат делото на Кузман.

Француска вечер на музика и поезија

За двата празника, Св. Трифун и Св. Валентин, француската секција под менторство на професорката Весна Трајческа одржа “Вечер на француска музика и поезија” со ритмите на романтичниот јазик во кафуле и во опуштена атмосфера. Учениците предизвикаа уживање со прекрасната изведба на музиката на Индила, Заз, Патриција Кас и др., како и на безвременските стихови на Жак Превер. 

Loading