ДРЖАВНИ ПАРИ ЗА ОБУКА НА РАБОТНИЦИ

– Ќе се финанасираат курсеви за ранливите целни групи на возраст од 50 до 59 години и младите со основно образование до 29 години 

Со цел да се постигни поголеми стручни компетенции и вештини на невработените од ранливите целни групи, Агенцијата за вработување реализира активни мерки и програми. Објавен е оглас за обука на работно место со субвенционирање.

Според Силвана Пашоска, работодавачите ја очекуваа оваа мерка, која е променета и редизајнирана со многу поповолни услови.

– Целни групи се тешко вработливите луѓе на пазарот на трудот, од 50-59 години, младите до 29 години со основно образование, долгорочно невработените лица и корисниците на социјална помош. Невработените ќе се оспособуваат кај работодавачите три месеци. Агенцијата ги покрива трошоците од 6200 денари по лице.  За лицата кои ќе ја завршат обуката, работодавачот е должен да ги вработи минимум 18 месеци, од кои субвенцијата е 6 месеци во износ од 14000 денари по лице и плус 6000 денари за работодавачот за трошоците при обуката – вели  Пашоска.

Се очекува околу сто лица да се обучуваат за работно место со субвенционирање кое ќе тече до крајот на 2015 година.

Регионалната стопанска комора ги поздравува овие мерки.

– Јавно се покануваат членките, па и други компании од регионов да им излезат во пресрет на ранливите групи и бизнис секторот да го пронајде својот интерес. Како стопанска комора добивме една активна мерка за обука на кадри за текстилната индустрија. Во просториите на комората ќе почне тримесечен курс за обука на  80 кројачи и шивачи – вели Ристо Најдоски, извршен директор на регионалната стопанска комора.

Мерката обука која во изминатиот период течеше како обука преквалификација и доквалификација е многу прифатена од работодавачите, бидејќи им се овозможува да се оспособат лицата кои имаат недоволна стручност за потребното работно место.

Loading