11 Октомври
По долга најава, завчера почнаа подготовките на третолигашот 11 Октомври. Првите кондициски тренинзи се одработуваат со истрчување околу теренот на Градскиот стадион “Гоце Делчев”. Потоа ќе се бара место за тактичко – техничка работа. Од клубот се надеваат на поподносливи временски услови и на погоден, рамен терен, а како можна опција се споменуваат Могила и помошното игралиште Зоолошка. Во играчкиот кадар има мали измени. Никој не заминува, а се враќаат полушпицот Васко Темелков и напаѓачот Мартин Никовиќ.
Во третолигашкото првенство со амбиција за опстанок 11 Октомври пролетта ја чека од седмото место на табелата.
![]()


