Фудбал
Новче Ацески дефинитивно се враќа во третолигашот Победа, каде настапуваше пред една година, во последната второлигашка сезона. Доаѓа од хрватскиот Интер Запрешиќ, каде помина шест месеци. Со настапите покажа дека е во одлична форма и може да биде засилување за средниот ред, во соработка со искусните Мегленски, Аломеровиќ, Карчески… Ацески е шести новодојден, по голманот Апостоловски, бранителите Ѓорѓиевски, Колески, за врска Аломеровиќ и напаѓачот Зојчески. Заминаа Сркески, Стомнароски, Крстески и Б. Митрески.
Одиграни се четири пријателски, реми по 1-1 со Македонија ЃП, Кожуф и Тиквеш, пораз 2-0 од Турново, со кого в сабота е реванш на теренот Зоолошка, а во вторник е гостувањето на Пелистер во Битола.
![]()

