МУЗИКА И ПОЕЗИЈА – ФОЛКЛОРОТ НЕ Е МРТОВ

Гимназија “Мирче Ацев”

Folklorot e ziv megu gimnazijalciteДрама, рецитали, песни и ора, кои сведочат за пријателство, љубов, музика, поезија и традиција, приредија гимназијалците на поетската вечер. На невообичаен начин, преку перформансот, насловен “Фолклорот не е мртов”, докажаа дека и младите умеат да ги негуваат фолклорот и традицијата. Одличната уметничка изведба, и за уво и за око, ја разубави вечерта, за жал, во претсен автентичен амбиент. Но, насмевките на лицата говореа за задоволството и уживањето.

Заслужни за пријатната атмосфера беа учениците Христина Ангелеска, Бојан Јорданоски, Стефанија Рикалоска, Теодора Сиљаноска, Елиза Миноска, Марио Ангелевски, Симона Илиоска, Александра Илиеска, Мери Конеска, Стефанија Дукоска, Божидар Грујоски, Бојан Шлакески, Филип Димовски, Сара Тодороска, Михаела Пацаноска, Бистра Петреска, Мелани Тодороска, Викторија Смилеска, Теодора Зероска, Михаил Милошески, “под диригенство” на Марко Цветаноски, Марко Маркоски, Виктор Чатлески и Андреј Танески кои свиреа на гитари, клавијатури и тарабука.

– Поетската вечер не беше само рецитирање. Се пееа и староградски песни од Каролина Гочева. Дека фолклорот не е мртов покажавме и со облеката и со песните, и со амбиентот, кој совршено одговараше на замислата. Очекувавме интерес, но изненади полниот простор. Презадоволни сме. Ќе организираме сличен настан – вели Теодора Зероска.

Учениците беа предводени од професорот Мартин Наумоски, а во организацијата помогнаа и професорите Наталија Гарбеска, Елена Стојаноска и Николче Толоманоски.            

Loading