КОМПЈУТЕРИ И ЗА ВАРОШКИТЕ УЧЕНИЦИ

varosСтигнаа компјутери за учениците од подрачното училиште “Блаже Конески” во Варош. Со грант, се компјутеризирани сите 5 училници. Учениците од прво до трето одделение добија мали лаптопи, а од 4-5 одделение десктопи. Обезбедена е еднаква можност за сите ученици активно да ги користат компјутерите во наставата со кординација на наставниците, кои досега не беа во можност да ги реализираат активностите со информатичка технологија.

Наскоро ќе се зајакни и електричната инсталација наобејктот  кој ќе се обебеди со чувар.

Loading