ТРОЈЦА МУСКЕТАРИ ГО ОСВОИЈА СНЕЖНО МАВРОВО

GLAVNAAAA Osvojuvacite na Mavrovo - prof. Daniel Vasileski so trojcata pretstavniciЕдно големо браво за тројцата прилепски “мускетари”, Борјан Стрезоски, Иван Николоски и Ева Грозоска, предводени од професорот Даниел Василески, кои се покажаа како “јаки” скијачи и се  качија на пиедесталот на алпскиот куп “Скади 2015” во Маврово. Во конкуренција на околу шеесетина натпреварувачи од земјава, на возраст од 5-15 години, поделени во категории, грабнаа два сребрени медали и едно одлично четврто место. Иако 90 отсто од конкурентите се членови на скијачки клубови, нашите аматери и “нешколувани”, се пласираа меѓу првите пет наградени благодарение на ентузијазмот и вложениот труд. Борјан Стрезоски (10 г.) од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане” и Иван Николоски (12 г.) од ОУ “Гоце Делчев” се закитија со сребрени медали, освојувајќи го второто место. Не помалку вредна беше Ева Грозоска (13 г.) од ОУ “Кочо Рацин”, која во силна конкуренција се искачи на четвртото место. Медалот í побегна за малку, поради нејзиниот стартен број 40, а патеката веќе била расипана, со што и се отежнало возењето и имала мал дисбаланс.

– Воодушевен сум од резултатите. Одлично го претставија градот на скијачкиот куп. Со голем ентузијазам парираа на скијачките клубови, иако овде немаме ни клуб, ни скијачки терен. Вежбавме, секој викенд трениравме, одејќи на скијање во Вигла, Грција, во Банско, Бугарија и во Маврово. За распустот организиравме ски школа. Успехот е голем, оти се запоседнати високи места без да имаме услови за скијање. Градов располага со скијачки потенцијал. Доколу се најде поддршка, можно е во иднина да се формира и клуб – вели професорот Василески.  

Скади ски купот е прв неформален државен натпревар со интенција да прерасне во традиција и да добие меѓународен карактер.

Loading