ТРЕНИНЗИ ЗА ОПСТАНОК

Жито Прилеп

За некои поранешни времиња можеби стартот на подготовките беше сосема нормален и очекуван чин, меѓутоа кога клубовите се соочуваат со тешкотии секоја активност е значајна. Во овој момент добро е што се случи почетокот на подготовките на женскиот ракометен суперлигаш Жито Прилеп. Се дава позитивен сигнал дека тимот останува во Супер лигата и така го дава својот придонес кон осиромашениот квалитет на македонскиот женски ракомет. Од друга страна, во градов некако се одржува женскиот екипен спорт, бидејќи други клубови со сениорски тимови нема. Одамна згаснаа одбојкарската и кошаркарската, а пред година – две пингпонгарската и фудбалската екипа.

Жито Прилеп, последнопласиран на табелата со три бода, под водство на Жане Дисоска, првиот собир го имаше во салата на СОУ “Р. Р. Ричко.

Loading