СВЕТЛИНА ЗА СТРУМИЧКАТА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА

Вечерва во ЦК “Марко Цепенков”

Изложба на 25 дела од 51-та струмичка ликовна колонија ќе биде отворена вечерва од 19 часот во галеријата од ЦК “Марко Цепенков”. Ќе бидат претставени дела од 17 уметници, од земјава и од Турција, Полска, Бугарија,  Словенија. Ќе можат да се видат ликовните креации на Васил Алачев, Владимир Илиевски, Тања Таневска, Гасанфер Бајрам, Ѓорѓи Томовски, Александар Јанкуловски и др.

– Беше предизвик да се следи процесот на создавање кај една поголема група ентузијасти и искусни творци, а радоста од создавањето на другиот можеа да ја споделат и несебично коментираат, да се бодрат и критикуваат. Творците разговараа и можеби тоа е поважно од создаденото, оти никој не може да се види себеси во перспектива и огледало, освен кога покрај себе го има Голијат или Давид, односно на себе рамниот – запишала д-р Снежана Филипова.

Изложбата е плод на соработката меѓу ЦК “Марко Цепенков” и “Антон Панов” од Струмица.

Loading