СЕ ТОКМАТ СУРАТИТЕ

plakat 2015При крај се подготовките за 15-тото издание на карневалот Прочка, организиран од локаЛната самоуправа. Снежана Ристеска, советник за култура во ЛС, вели дека годинава меѓународната манифестација ќе донесе бројни иновации за збогатување на атрактивноста и за задржување на вниманието.

– Карневалот ќе се одржи на 22 февруари со дефиле на централното градско подрачје. Очекуваме маскирани учесници во индивидуални и групни маски од земјаВа и од странство. Ќе настапат мажоретките и оркестарот со нова кореографија. Се подготвува и групата “Мечкари” со автентичните традиционални сурати со крзна, рогови, кожи, клопотарци… – истакнува Ристеска.

Два дена пред Поклади во ликовниот салон на ЦК “Марко Цепенков”  ќе се отвори традиционалната изложба на маски, изработени од учениците од основните и средните училишта. 

Loading