ДЕЦАТА ДАРУВАА ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ

Pomos za poplavenite drugarcinjaОУ “Рампо Левката” се вклучи со донации за настраданото население од поплавите. Учениците се одѕваа на повикот за хуманост преку донирање на вода за пиење и средства за хигиена, она на што најмногу се апелираше и е потребно за поплавеното население.

Да се помогне некому во тешка положба и да се искаже поддршка и солидарност беше најголемиот мотив за учениците. Затоа и акцијата мина успешно. Собраните средства беа транспортирани во општинската организација на Црвениот крст.

И учениците од ОУ “Кочо Рацин”, донирајќи вода и средства за хигиена дадоа придонес да им помогнат на своите врсници и нивните семејства од поплавените подрачја.  

Loading