СПОНЗОР НА ВАРДАР

Витаминка        

Dresot na Vardar so noviot sponzorНајдобрите во друштво на најдобрите е мотото со кое Витаминка стана нов спонзор на Вардар. Компанијата ги поддржува фудбалскиот и ракометниот клуб, како и активностите поврзани со ракометната академија и младинските фудбалски школи. Договорот е за една година, со можност за продолжување.

– Витаминка секогаш ги поддржува вистинските вредности во Македонија. Досега спонзориравме клубови од различни спортови, а овојпат одлучивме за Вардар, бидејќи спојката е природна – најдобрите секогаш одат заедно. Сигурни сме дека во иднина ќе прославуваме многу нови успеси – изјави Владимир Трпаноски, комерцијален директор на Витаминка.

Добредојде на спонзорот му посакаа претставниците на двата клуба. Информираа дека на дресовите ќе стои најпознатиот производ на Витаминка, Стоби флипс. Поддршката не е само за првите екипи и младинските школи, туку и за нивните регионални единици низ целата држава.

– Посакуваме и се обидуваме во тимот да се најдобрите, од оние кои се на терен, до оние кои на кој било начин го поддржуваат клубот – рече Давор Стојаноски, директор на РК Вардар. 

Loading