НОВИ КОРПИ ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ОТПАДОЦИ

ОУ “Рампо Левката”

rampo levkataУчениците од ОУ “Рампо Левката”, како едно од шесте училишта од државава за проектот “Зелени училишта, Почиста околина, Поздрав живот 2013-2015” од организацијата ОХО, од септември се вклучија во неколку еколошки акции, како селектирање на отпад, заштеда на електрична енергија и други активности. Заради ангажираноста на училиштето доби донација која се искористи за набавка на канти и корпи за селектирање на отпадоците. Учениците не чекаа ни две, ни три, и веднаш ја покажаа еколошката свест, собирајќи го отпадот од дворот и распределувајќи го соодветно во новите корпи, означени за хартија или за најлон и пластика.

Проектот ја поттикнува свеста за селектирање на отпадот, создавање на еколошки навики и зачувување на животната средина.

Loading