ЕЗЕРО СТАНА ПОЛЕТО

Врнежите од дожд и топењето на снегот ја излеаа Црна Река

–  Меѓу жителите од поплавените села дојдоа и претседателот Горѓе Иванов и вицепремиерот Ставрески

Pretsedatelot Ivanov i generalot Koteski na mestoto na poplaviteНеколку стотици хектари поплавени земјоделски плодни површини и подрумски простории на куќи во населените места долж сливот на реката Црна е билансот од поплавите по еднонеделните врнежи од дожд, како и топењето на снегот заради повисоките дневни температури. Поплавите направија штета на земјоделските посеви како и кај голем дел куќи. Најпогодени се атарите на селатата Чепигово, Тројкрсти, Тополчани, Кадино Село, Клепач и Мало Коњари. Покрај вработените од јавните претпријатија, кои помагаа со механизација, се вклучи и АРМ кои поставуваа вреќи со песок на критичните места. Состојбата со поплавите во Пелагонија која сега наликува на езеро, постојано се следи, но не се исклучува можноста за нови излевања и зголемување на штетите. Координативното тело во соработка со Центарот за управување со кризи постојано одржува договорни средби за делување во најпогодените села.

И градоначалникот Марјан Ристески и претседателот на советот, Никола Димески, секој ден се меѓу поплавените.

I nivoto na Gradskata reka se zgolemi– Се користи градежна механизација во справување со стихијата, се поставуваа вреќи со песок, материјали за тампонирање. Противпожарната единица ја испумпуваше водата од куќите и помошните простории во поплавените села – истакна градоначалникот Ристески.

На критичните места дојде и Претседателот Ѓорѓе Иванов, заедно со началникот на Генералштабот, Горанчо Котески, министерот Иво Иваноски. Иванов истакна дека последиците од пробивањето на коритото на Црна Река се алармантни. Ангажирани се војската, јавните претпријатија, општините и месното население кои работеа на подигање на насипите на коритото.

Vicepremierot Stavreski i pratenicite zaednos so Risteski na terenПрилепските пратеници, Ане Лашкоска и Димитар Стевананџија, беа меѓу најзагрозените.

На лице местото за да се увери со состојбата со поплавите, беше и вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, кој апелирашеа будност и мобилност.

– Состојбата во Пелагонија е алармантна. Добра е координацијата бидејќи мораме да му помогнеме на загрозеното население – истакна Ставрески.

Се излеа од коритото и градската река. На критичните места беше и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Во поплавените села се направени доста инфраструктурни оштетувања кои се санираат. Проблемите со електричната енергија во неколку населени места се отстранети.

Слична е состојбата со поплавите и во општините Кривогаштани и Долнени. 

До 13 февруари

ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊА ЗА ШТЕТИ

Kadino selo pod voda i otseceno od okolnite naseleni mestaДо 13 февруари, сите оштетени граѓани од поплавите кои го зафатија Прилеп и прилепско, можат да поднесат барање за утврдување на штета. Секој работен ден од 8:30 до 15:30 часот, во приемното одделение на Општина Прилеп на ул. “Прилепски бранители” бр.1. треба да ја достават потребната документација: барање (кое се подига од приемното одделение), документ со кој ќе го докажат владението или сопственоста, копија од лична карта и трансакциона сметка.

 

Se vkluci i armijata so postavuvanje na vreki so pesokСоветот на Општина Прилеп, формира две стручни комисии за проценка на штетите од природната непогода врз градежните објекти, земјоделските култури, посевите и угинат добиток или живина. Комисиите на терен ја утврдуваат висината на штетата. Потоа ќе изготват извештај и елаборат за вкупната и поединечните штети, кои со одлука на Советот на Општина Прилеп се доставуваат до комисија која што ја формира Владата за понатамошна постапка. 

Погодените жители може да достават барање и за добивање на еднократна парична помош во Центарот за социјална работа.

Досега се доставени 19 барања за проценка на штета и 11 барања за добивање еднократна парична помош.

ПУНКТОВИ ЗА СОБИРАЊЕ НА ФЛАШИРАНА ВОДА

Nastradaa pomosnite prostoriiДо в недела, секој ден од 10 до 13 часот пред Камената бина, хуманите граѓани може да донираат флаширана вода за пиење, неопходна за поплавеното население. Акцијата ја спроведува Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во соработка со Општинскиот

комитет на Прилеп.

Заинтересираните граѓани можат да донираат флаширана вода за пиење и во просториите на Општинската организација на Црвениот крст секој работен ден во период од 8 до 21 часот. Центарот за јавно здравје препорачува во поплавените населени места, водата да се преврива или да се користи флаширана вода.

На жителите од поплавените подрачја за помош им се достапни и телефонските броеви на службите: Брза Помош – 194, ТППЕ – 193,       Полиција – 192, Центар за управување со кризи – 195 како и Црвен крст 424-710.  

Loading