ДОВЕРБА ВО СОПСТВЕН СТРУЧЕН КАДАР

Ракомет: Двоецот Соколоски – Илиески на клупата од Прилеп

Pretstoi teska prolet- Ice SokoloskiМашкиот суперлигаш Прилеп, во пресрет на пролетниот дел од првенството, на тренерската позиција ги постави Ице Соколоски и Страшо Илиески. Наследници се на покојниот Боро Чурлевски, тренер кој дојде во второто есенско коло и го водеше тимот до крајот на полусезоната. Тогаш решението беше со стручњак отстрана, а сега со сопствен кадар.

– Не треба да брзаме со решение кое не ги задоволува потребите. Им даваме шанса на нашите тренери, признати ракометни имиња, поранешни истакнати играчи. Паралелно сме во потрага по некое звучно име отстрана, но времето ќе го каже своето дали остануваме на сегашниот избор – велат во РК Прилеп.

Соколоски и Илиески ја минаа целата играчка кариера во Тутунски и клубовите кои настанаа подоцна. Повеќе години се во стручниот штаб на Прилеп. Поминаа пат од обновувањето на клубот до влегувањето во највисокиот ранг, каде се покажуваат одлични резултати. Квалитетите се неспорни. Оттука е добиената доверба, која треба да се оправда.

– Благодарам за довербата. По долго размислување прифатив, свесен за тешкотиите, ризиците, последиците и одговорноста. Нé чека тешка пролет со познати амбициите. Претходникот Чурлевски донесе сосема нов пристап, што доведе до резултат есеноска. Подготвени сме тоа да го продолжиме без големи измени, со исклучок на потребите за секој дуел во тактичкиот дел – рече Соколоски.

Прилеп се засили со пивотот на Пелистер, Димитровски, од средата се приклучи репрезентативецот Мојсоски, а синоќа беше одигран првиот тест со вториот Вардар.

Loading