БЕЗ ИЗМЕНИ

11 Октомври

Неизменет е фудбалскиот третолигаш 11 Октомври во пресрет на пролетниот дел од првенството. Клубот информира дека ниеден играч нема најавено заминување, а постои можност за доведување еден до двајца нови. На тренерската позиција останува Дејан Кулески. Се очекува старт на подготовките, кои беа пролонгирани поради неповолните временски услови. Предвидени се неколку тест мечеви.

Амбиција на 11 Октомври е опстанок во Третата лига.

Loading