ПРИЛЕПСКО ДЕТЕ СО ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА

Во болницата во Скопје

Opasnost od od skrieni komarci i vo zimaИнститутот за јавно здравје на Македонија информира дека на Клиниката за детски болести во Скопје е хоспитализиран пациент од Прилеп, кај кој е докажан позитивен наод West Nile Virus, западнонилска треска, односно IgM и IgG -позитивен наод. Во тек е испитување на втор серум, заради следење на динамиката на титарот на антитела и утврдување на фазата на болеста.

Според директорот на Центарот за јавно здравје во Прилеп, Гоце Ингилизов, станува збор за дете на возраст од неполни три години, кое на Клиниката било хоспитализирано на 20 јануари. 

– Центарот за јавно здравје, по извршеното епидемиолошко истражување, утврди дека детето не патувало надвор од местото на живеење, и мајката негира убод од комарец или друг инсект во подолг временски период. Детето жиивее во куќа со уредна санитација, каде не се чуваат домашни животни. Во соседството, на 2 локации, се чуваат птици, а на дваесетина метри постои стара, разурната  куќа, во која постојат идеални услови за одржување и размножување на комарци. Но, не може со сигурност да се тврди дека посочените птици се извор на вирусот – објаснува Ингилизов.

Центарот за јавно здравје континуирано ја следи состојбата со вектор-преносливите заболувања и ги презема сите превентивни мерки.

Ова е прв случај на западнонилска треска во Прилеп, а во Македонија, од 2011 година, кога беше евидентиран првиот случај, до денес се регистрирани 19 случаи на заболени со три смртни исходи.

– Станува збор за вирусно заболување, кое се пренесува со боцкање на комарец, а главен резервоар се птиците. Болеста има сезонски карактер. Најчесто се регистрира во лето и есен, односно во периодот на најголема активност на комарците. Може да се регистрира и во другите месеци. Кај 80 отсто од инфицираните, заболувањето поминува без симптоми. Од оние каде се јавуваат одредени симптоми, тие се, во најголем дел, со лесна клиничка слика, слична на грип. Само кај еден отсто може да се јави тешка неуроинвазивна форма на болест – вели Ингилизов.

Изминативе 20 години како резултат на климатските промени регистрирани се епидемии од ова заболување во многу европски земји.

Loading